МНР: Декларацијата на бугарското Собрание им оди во прилог на провокаторите

Декларацијата на Народното собрание на Бугарија им оди во прилог на провокаторите кои сакаат да гo минираат враќањето на односите меѓу Македонија и Бугарија на конструктивна патека, реагира денеска македонското МНР. Македонското МНР реагира на декларацијата на бугарските пратеници за наводна „ескалација на агресивни анти-бугарски активности во С. Македонија“.

-Декларацијата не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи преку заемно уважување и почитување и укажува на отсуство на волја за нејзино спроведување. Со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, таа може да оди само во прилог на провокаторите чија цел е да предизвикаат политички активности кои негативно влијаат на односите меѓу двете држави, и со тоа ги минираат напорите за враќање на конструктивната патека и нега на партнерските односи, се наведува во реакцијата.

МНР потенцира дека секој чин на провокација од било која страна, случајно или намерно, во моментов станува дел од сценаријата во прилог на ескалацијата на состојбите.

-Како таков сметаме дека е во спротивност со декларираните заложби за враќање на дипломатската агенда онаму каде што ѝ е местото, во дипломатиите на двете земји, нагласува МНР.

Претходна вестОрбан предвидува победа за Русија
Следна вестПронашол порше на оглас го платил 120.000 евра, останал и без кола и без пари