Просечната плата за декември стаса до 34.364 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 34.364 денари и во однос на декември 2021 година, е зголемена за 14,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од Статистика наведуваат дека ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (20,4 проценти), Уметност, забава и рекреација (20,2 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (19 проценти).

Највисоки плати земаат работниците во секторот „воздухопловен транспорт“, каде за месец декември е исплатена просечна нето плата од 94.537 денари. Во секторот „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“, Државната статистика измери просечна плата од 88.192 денари. Трети на оваа листа, најплатени работници, се вработените во „дејности за изнајмување и давање под закуп (лизинг), каде во декември лани исплатена е просечна плата од 78.405 денари.

Претходна вестРепрезентативецот Ѓуроски: Подготвени сме за победа над Словачка
Следна вестПротестираа здравствените работници: Се бараат поголеми плати и нивно усогласување со минималецот