Стравичните сцени кои пристигнуваат од Палестина ја фрапираат светската јавност. Многумина повикуваат на мир. Има и многумина кои протестираат во знак на поддршка на Палестинците во Појасот Газа. Вчера такви протести имаше во Сараево, Белград и Подгорица.
Насобраните граѓани носеа транспаренти со слогани: „Сараево страда поради страдањата во Газа“; „Ослободете ја Газа“…
Во Подгорица учесниците на протестот побараа од својата Влада да воведе санкции кон Израел и да го осуди „геноцидот врз Палестинците“.