Провалиле во станот на 67-годишна жена но не украле ништо

Физички напад од две машки лица пријавила вчера возрасна скопјанка, соопшти полицијата.

МВР информира дека 67-годишна жена од Скопје, пријавила дека синоќа (28.09.22) околу 01.20 часот, две лица влегле во нејзиниот дом и физички ја нападнале.

-Таа пријавила оти две машки лица со употреба на сила влегле во нејзиниот дом, физички ја нападнале, но не одзеле ништо. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Претходна вестКовачевски го смени менито во владиниот ресторан: За министрите веќе нема лигњи, октоподи, бадеми и лешници…
Следна вестОткриена и четврта дупка на гасоводот „Северен тек“