Прва самостојна изложба на младиот уметник Дејан Давчевски

„Од ѕид на платно“ e насловена првата самостојна изложба на македонскиот млад уметник Дејан Давчевски, која се отвара на 10 јули во Младинскиот културен центар.

– Поминувајќи го времето дома, го користи за да прикаже низ кои очи гледа одредени ситуации. Тој сета оваа промена ја гледа од позитивна страна, бидејќи секој од нас направил промена во својот живот, па така и тој се мотивира да создаде нешто и ја прави својата прва изложба. Неговите дела се потпираат на геометриските форми, кршејќи ги или формирајќи ги во нивните првобитни состојби, со што ја пронаоѓа и љубовта кон ваквото сликарство, стои во најавата за изложбата.

Неговата уметност се врти околу графити-културата и урбаната уметност, па најчест избор му се платната и ѕидот оти така наоѓа начин да ја искористи естетиката од графитот и да ја употребува на платно.

Претходна вестЌе добијат ли 10 000 македонски граѓани оштета од државата што патуваа да се вакцинираат во Србија?
Следна вестДлабоки се корените на македонскиот јазик, затоа ги поткопуваат