Прво истепал три лица па се нафрлил и на полицаец

Пријава против 36-годишен жител на Кочани поднесе полицијата поради насилство и напад врз службено лице, соопшти полицијата.

МВР информира дека СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

-На 20.08.2022 околу 01.00 часот на бензинска пумпа во Кочани, пријавениот физички нападнал три лица, а по пристигнување на полициските службеници физички нападнал и еден од нив, објаснуваат од полицијата.

Претходна вестКаде се инспекциските „одреди“ во време на воено и пазарно профитество?
Следна вестКовачевски и Бектеши: Парно и струја ќе има до крајот на грејната сезона