Пукање кај Поликлиника Чаир- полицијата пронашла 8 чаури

Во СВР Скопје на 27.02.2021 во 01.30 часот било пријавено дека околу 01.25 часот на паркингот позади Поликлиника Чаир, на ул.„Втора македонска бригада“, едно лице го нарушило јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје.

Полициски службеници извршиле увид на местото, при што пронашле осум чаури.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестБи ги одзел од Скопје немарноста на некои негови жители, отпадоците…
Следна вестЗагина девојче, две лица тешко повредени во сообраќајка на Пониква