Темно Режим Светло Режим

Пукање во Чаир пред продавница за автоделови

Пукање во скопската населба Чаир е пријавено попладнево во Министерството за внатрешни работи. Според пријавата засега се знае само дека се пукало пред продавница за автоделови и нема информации за повредени лица.

-На 20.11.2020 во 14.55 пријавено е пукање од огнено оружје на ул.„Цветан Димов“ пред продавница за автоделови. На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Полицијата ја блокирала улицата каде што се случило пукањетo

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Заев: Размислуваме за легализација на марихуаната во туристичките центри

Следниот Пост

Во Македонија 39 починати и 1.237 нови случаи на коронавирус