Путин: Ако сакаме да траеме како етничка група мора да имаме барем две деца

Русија е најголемата држава по териоторија во светот. Но не и по население. Околу наталитетот прозборе и тамошниот претседател Владимир Путин.

-Руските семејства мора да имаат најмалку две деца за да се обезбеди етничкиот опстанок на нацијата и три или повеќе за нацијата да се развива и просперира, рече претседателот на Русија.

Русија претрпе тешки, но непознати загуби откако ја започна војната против Украина пред две години, а стотици илјади луѓе ја напуштија земјата поради противење на конфликтот или поради страв од мобилизација.

-Минимум две деца по семејство, им рече Путин на вработените во фабриката за тенкови во регионот на Урал дека две деца по семејство е минималниот број доколку Русите сакаат да го задржат својот идентитет.

Ако пак сакаат развој, Путин посочува дека секое семејство треба да има три деца.

Инаку, Русија има околу 149 милиони жители.

Претходна вестСе спрема голем договор: Зеленски ќе се сретне со Шолц и Макрон
Следна вестВикендов продолжува македонскиот прволигашки фудбал