Ракометарите на Еурофарм Пелистер гостуваат во Словенија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер во 20.45 часот ќе се сретнат со словенечкиот претставник во Лига Европа, Тримо Требње.

Битолчани во Љубљана пристигнаа со поголем оптимизам за успех и најавија први гостински бодови против тимот во кој што доминираат словенечки ракометари и интернационалците Рашо од Србија, Хамидовиќ од Босна и Херцеговина и Сарак од Турција.

Средбата меѓу Тримо Требње и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во спортскиот центар „Тиволи“ во Љубљана, а ќе ја водат хрватските судии Циндриќ и Гонжурек.

Во рамки на групата „Д“ синоќа во Унгарија се одигра натпреварот меѓу Татабања и Рајн-Некар Левен, а поуспешни беа гостите со 32:26.

Претходна вестПротестна блокада пред Владата: Оваа власт треба да си замине
Следна вест25-годишна жена физички нападната и повредена од невенчаниот сопруг