Ракометарот на „Бутел“ Денис Тот во критична состојба откако бил претепан

Хрватскиот ракометен интернационалец Денис Тот кој настапува за клубот „Бутел“ се бори за живот во една од скопските болници, откако бил претепан вчера во Скопје. Според првичните информации Тот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе. Инцидентот се случил во во ноќниот клуб „Привилиџ“.

Од клубот потврдија дека Тот се наоѓа во критична состојба и дека е претепан, но не кажуваат повеќе детали.

Од Министерството за внатрешни работи за медиумите го потврдија инцидентот и дека пријавата ја добиле утрината околу 4 часот. Односно, дека во тој период ракометарот бил донесен во Клинички центар во безсознание.

Се очекува во текот на денот МВР да излезе со подетална информација.

За повредите на Денис, потврда стигна и од неговиот брат Борис Тот кој игра во Холандија.

– Родителите се на пат за Скопје. Немаме премногу информации за тоа што се случи, кусо соопшти братот на повредениот ракометар.

Инаку, хрватските медиуми со големо внимание ја следат ситуација со ракометарот на „Бутел“. Според порталот „Вечерњи“ хрватскиот ракометар бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките од безбедносните камери биле избришани.

– Инцидентот се случил во ноќниот клуб „Привилеге“, а снимките се избришани. Некој знае што прави, пишува порталот повикувајќи се на лице познато на редакцијата.

Претходна вестИстрага против висок владин функционер и двајца хрватски државјани
Следна вестМоторни пили забрзано сечат дрвја долж улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром