Трет по ред распишан конкурс за куси раскази инспирирани од стари фотографии со наслов „Раскажувам фотографија“- објави Фондот на холкауст на Евреите од Македонија.
Натпреварот ќе се одвива на тој начин што секој петок, на фејсбук страната на Фондот, ќе биде објавувана фотографија поврзана со животот на Евреите во Македонија, од која заинтересираните би требало да се инспирираат. Расказите треба да бидат посветени на животот на Евреите во земјава, некогаш.
Објавувањето на фотографиите почнува овој петок, на 2 септември, а последната на 4 ноември. Сите автори ќе можат да праќаат творби до 18 ноември. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на шести декември, а наградите на добитниците ќе им бидат врачени на на првиот ден од празникот Ханука, на 19 декември.
Обезбедени се награди за најдобрите: 25 илјади, 15 и 10 илјади денари.
Најдобрите раскази, според жирито, ќе бидат објавени на ФБ страната на Фондот на холокаустот.