Растат тензиите на Косово, пет детонации во Косовска Митровица

Во северниот дел на Косовска Митровица време одекнале пет детонации, јави српскиот весник „Блиц“. Детонациите се слушнале од правец на улицата Колашинска каде што порано била канцеларијата на изборната комисија.

Засега сè уште нема прецизни информации за што се работи и дали се повторува сценариото од Зубин Поток каде пред околу еден час имаше две детонации, информира Блиц.

Во Зубин Поток членови на општинската изборна комисија придружувани од косовската полиција по 12 часот насилно влегле во зградата на општина Зубин Поток, поради што граѓаните кои случајно се нашле таму се побуниле.

Членови на општинската комисија со асистенција на полициски службеници насилно влегле во просториите на општината, ги искршиле вратите и ги смениле бравите, пред да ја напуштат зградата.

Србите ги напуштија сите институции поради постојано неисполнување на одредбите од договорот меѓу Белград и Приштина, а Владата на Албин Курти планира да одржи избори на северот на Косово, пишува „Блиц“.

Претходна вестНовинарката Авдиу го искритикувала Џака, сега и се закануваат дека ќе ја убијат
Следна вестГрад Скопје: Утре објавуваме јавен повик за превозниците, дали Мицкоски и Ковачевски имале тајна средба во еден скопски локал?