Директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски е разрешен од својата функција, соопшти денеска Владата по одржаната седница.
Информацијата за разрешувањето на првиот човек на Управата за извршување санкции следува еден ден откако премиерот Димитар Ковачевски на вчерашната прес-конференција во Владата изјави оти почнал процес за селекција на нов директор на Управата бидејќи, како што рече, не е задоволен од работата на актуелниот, Марјан Спасовски. Разрешувањето доаѓа по по бегството на 36-годишниот затвореник Беким Мемети, за кое со кривични пријави во притвор завршија тројца затворски полицајци и командир на смена во затворот „Идризово“.