Малолетник пријавил дека во училиште има бомба, поднесена пријава за тероризам

Вчера после 18 часот малолетникот, од својот телефон во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил дека во училиште во село Житоше има поставено бомба, информира СВР Прилеп.

За малолетник од село Житоше поднесена е пријава до ОЈО Прилеп за лажно пријавување кривично дело „тероризам”, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик.

– Од својот мобилен телефон вчера после 18 часот малолетникот, во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил дека во училиште во село Житоше има поставено бомба. Полициски службеници извршиле проверка, при што било утврдено дека станува збор за лажна пријава. По преземени мерки и активности, извршени се службени разговори со малолетниците, во присуство на родители, при што тие го појасниле начинот на кој го извршиле делото, информираат од МВР.

Претходна вест„Вибрантен сликопис“ – изложба на Владимир Величковски во МКЦ
Следна вестРазрешен директорот на Управата за извршување на санкциите Марјан Спасовски