Темно Режим Светло Режим

Речиси двојно зголемен бројот на нови пациенти во ковид -центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид- центрите во Скопје се хоспитализирани 49 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Со тоа вкупниот број се искачи на 297 лица кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град од ковид-19.

Во последното деноноќие, најмногу приеми имало на интерните клиники – 17 приеми, потоа во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника по 10, а во Козле биле примени 12 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.

Ова е досега највисока дневна бројка на новопримени пациенти со ковид во болница. Изминатите денови тие бројки се движеа околу 25. Бројот на хоспитализирани на ниво на цела држава е 722, за разлика од влера кога беше 682 пациенти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

На аџилак само со доказ за вакцинација против ковид

Следниот Пост

„Лидл“ доаѓа кај нас... преку Бугарија