Во последните 24 часа, од направени 2.873 тестирања, регистрирани се 16 нови случаи со ковид-19: Тетово – 4, Скопје и Струмица – по 3, Куманово – 2, Прилеп, Гостивар,Охрид и Струга – по 1. Регистрирани се четири оздравени пациенти и нема починати, соопшти Министерството за здравство.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројот на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а на активни случаи изнесува 142, од кои 55 во Скопје.
Министерот за здравство денеска објави дека има 4 потврдени случаи со делта сојот и за уште 4 се чекаат резултати.