Можно ли е одложување на учебната година – Филипче вели се зависи од состојбата со заразата

Дали може да се одложи почетокот на учебната година? Министерот за здравство Венко Филипче не вели ниту да ниту не, туку дипломатски одговара: Почетокот на школската година ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава. Но, она што може да се каже дека интензивно се врши вакцинација на наставниците и дека сите сценарија за почетокот на школската година се спремни.

Тој не можеше да каже каков е одѕивот за вакцинација кај наставниците и најави дека со таков податок може да излезат откако ќе се направи проценката за две недели.

На крајот на минатиот месец министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека МОН има подготвено три сценарија:

Првото е целосно отворање на училиштата, согласно здравствените протоколи, да може сите ученици да седнат во своите клупи, за сите одделенија и сите години, второто е онлајн настава како и штотукузавршената година и третото е наизменично физичка настава и онлајн.

Во меѓувреме објавени се и протоколите за одвивање на наставата во училиштата.

Минатата учебна година започна со еден месец одложување, односно на 1 октомври, бидејќи беа потребни законски измени за вметнување на онлајн наставата во законот и за тестирање на националната платформа за учење на далечина.

Претходна вестНе си играјте со образованието и нашите деца
Следна вестРегистрирани 16 нови случаи со ковид-19, нема починати