Република Српска забрани увоз на 400 кила сливи од Македонија, имале многу пестициди

Републичката фитосанитарна инспекција на Република Српска, како дел од редовната инспекција на пратките во надворешната трговија, забрани увоз на пратка од 400 килограми сливи со потекло од Македонија, бидејќи се пронајдени остатоци од пестициди над пропишаното максимално ниво, соопшти Инспекторатот на Република Српска.

Кај две пратки биле откриени неправилности, а инспекторот издал решение со кое се забранува увоз и наредува враќање на пратката до испраќачот или уништување под надзор на надлежниот инспектор.

Од Инспекторатот забележуваат дека на пратките од кои се земени примероци за анализа им е забранет пласман на пазарот, дистрибуцијата или преработувањето, се додека инспекторот не донесе одлука во согласност со резултатите од лабораториските испитувања на примероците.

 

Претходна вестКривата оди нагоре: Вчера 39 денеска нови 47 заразени, нема починати
Следна вестДел од Центар утре без вода