Пакетот нова безбедносна помош за Украина и за Израел вреден повеќе од една милијарда долари, предложен од претседатлот Бајден е блокиран од страна на републиканците во американскиот Сенат. Тие инсистираат на построги мерки за контрола на имиграцијата на границата на САД со Мексикo.
За пакетот за помош гласаа 49 сенатори, 51 беа против, што значи дека мерката од 110,5 милијарди долари не доби 60 гласови потребни во 100 члениот Сенат за да се отвори патот за дебата.
Гласањето беше по партиски линии, при што сите републиканци во Сенатот гласаа против заедно со сенаторот Берни Сандерс, независен кандидат кој обично гласа со демократите, но изрази загриженост поради финансирањето на сегашната, како што ја нарече, „нехумана воена стратегија“ на Израел против Палестинцитe.
Во меѓувреме, портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби вели дека доколку финансиската помош за Украина престане Путин ќе го добие токму тоа што го посакува.