Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од три лица, информираа денеска од СВР Велес.
– Вчера во ОВР Кавадарци биле повикани М.Д.(47), Р.Д.(48) и М.Д.(28) сите од село Пепелиште, неготинско, и со нив е извршен службен разговор, по претходна пријава од М.П. (44) од Кавадарци, дека на место викано „Пунктот“ на Тиквешко езеро додека извршувала службени задачи како рибочувар, била физички нападната од М.Д., Р.Д. и М.Д.. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.