РК Вардар го претстави првото засилување за новата сезона

Вардар 1961 веќе размислува и за наредната сезона за која веќе го договори првото засилување.

Се работи за домашно освежување, играч кој потекнува од школата на „црвено-црните“, а неговото име е Томче Стојановски.

Стојановски во изминатиов период го носеше дресот на Бутел, тим во кој созреа, стана еден од најдобрите, највлијателните играчи и со тоа се избори за кам-бек, враќање во најтрофејниот македонски ракометен колектив.

Претходна вестНа социјална мрежа му се заканувал на полицаец, кривична пријава за маж од Тетово
Следна вестДИК: Може да се гласа и со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од 24 јули 2023 до 24 април 2024 година