Додека во Македонија не напикаа по дома за да се спасиме од пандемијата, а спортот го гледаме само на телевизија, во светот, онаму каде побрзо реагираа на сузбување на вирусот почна да се дише послободно.
Во повеќе земји во Европа веќе почнуваат со овозможување да се следат спортски натпревари со малку публика, а Русија вчера отиде уште подалеку.
Имено во Русија вчера се играше натпревар помеѓу екипите на Ростов и Спартак Москва, натпревар кој го проследија дури 32.000 гледачи.
Натпреварот заврши со 3:2 победа за Спартак, резултато и не е толку битен, меѓутоа она што го привлече вниманието беше големата публика на трибините.
Да се надеваме (но и да работиме) дека наскоро ова ќе биде вообичаена слика, дури и кај нас во Македонија.
78’ Attendance for Rostov vs Spartak today announced as over 32,000 fans!
Yep, you read that right! 32,000. In 2021! 🔥 pic.twitter.com/AEOvI9GqJ1
— Russian Football News (@RusFootballNews) April 4, 2021