Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19, ја примила и ќерка на Путин

Вакцината против корона вирусот, изработена од московскиот институт Гамалеја, е одобрена за употреба во Русија што стана прва вакцина од ваков тип во светот.

-Знам дека е доста ефикасна, создава силен имунитет и повторувам, ги помина сите потребни проверки, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин говорејќи на владата седница на државната телевизија.

Тој додаде дека вакцината била дадена и на една од неговите ќерки.

Со ова Русија стана првата земја во светот со регулаторно одобрување на вакцината против ковид-19, по помалку од два месеци тестирање врз луѓе, потег кој Москва го поздрави како доказ за нејзината научна моќ.

Претходна вестКој ќе биде побрз: навалената бандера или навалените во фотелјите?
Следна вестСедница на Владата: Моделот за образовниот процес 2020/2021 , зголемен процентот на исполнетост на возилата за превоз на патници, НАТО вежба на Криволак…