Русија ќе ја напушти УЕФА, ќе игра фудбал во Азија

По многуте санкции намернати од УЕФА кон рускиот фудбал, сега се најавува одговор од Москва. Имено, претседателот на Руската фудбалска федерација, Александер Дјуков рече дека размислуваат за напуштање на УЕФА и приклучување на Азиската фудбалска конфедерација.

-Пред неколку месеци реков дека размислувањето за преселба во Азија е прерано, но сега е можност која треба да ја разгледаме, изјави Александер Дјуков за руските медиуми.

За потсетување: Поради нападот врз Украина, УЕФА ја суспендира Русија од сите репрезентативни и клупски натпреварувања. Во Русија ова беше подразбрано од многу фудбалски симпатизери како мешање на политиката во спортот.

Претходна вестБорел: Војната во Украина може да се замрзне како во Кореја
Следна вестMета на хакери: Од WhatsApp украдени 500 милиони телефоски броеви