Група украински диверзанти денеска упадна на територијата на областа Климовски во областа Брјанск во Русија, соопшти гувернерот Александар Богомаз, а пренесува руската новинска агенција ТАСС. Toj изјави дека украински диверзанти отвориле оган врз автомобил во движење во областа Климовски, при што убиле локален жител и раниле едно дете.
– Округот Климовски беше нападнат од украинско беспилотно летало, а селото Ломаковка во општина Стародубски беше изложено на минофрлачки гранатирање од страна на украинската армија, изјави тој за руските медиуми.
И Руската новинска агенција „ТАСС“ јавува дека агенциите за спроведување на законот известуваат за судири со украински саботери и дека има мртви и ранети меѓу жителите на областа.
Руските медиуми јавуваат дека украинска група од околу 50 членови ги заробила жителите во селото Сушани, со експлозии и пукотници. Агенцијата „РИА“ наведува дека заложниците се држат и во селото Љубечан. Во Сушани се кренати во воздух трафостаницата и бензинската пумпа.
– Шест жители на регионот Брјанск би можеле да бидат заложници на украинските саботери кои се инфилтрирале во две локални села од Черниговската област на Украина. Две села Љубечан и Сушани, кои се наоѓаат во областа Климовски, беа нападнати од диверзанти. Во моментов, до шест цивили се држат како заложници, пренесува руската агенција „ТАСС“.
Одбранбените кругови не го прецизираа бројот на украинските диверзанти кои навлегле во регионот на Брјанск, но велат дека има неколку десетици вооружени милитанти.
Според агенцијата „ТАСС“, престрелките се уште трaјат.