Рутински бодови за Пелистер против Вардар

Кошаркарите на Плеистер стигнаа до планираната победа. Непосредно пред заминувањето за Широки, каде следната седмица ќе го одиграат последниот турнир од АБА лигата, на гостински терен, во „Кале“, беа доста подобри од Вардар.

„Пелистерци“ имаа две сосема коректно одработени чеѕвртини. Првата и третата. Во првата најавија дека не се спремни да дозволат изненадување, во третата го потврдија таа своја замисла при доаѓањето во Скопје за да го одиграат меото со последнопалсираната екипа во Првата лига.

Иако без искусниот Александар Костоски, битолчани покажаа квалитет доволен за да се добие овој натпревар од типот „мора да се победи“. Во првите десет минути поведоа со (22:15), во оние третите, имаа и слични (22:16).

Во „меѓувреме“ додја најдобрите минути за Вардар. Оние воведните пет од втората четвртина, во кои направија серија од (16-5), и поведоа, со (31:27).

Но за нешто повеќе немаа сила. До крајот на првото полувреме, Пелистер ја врати предноста (41:37), по одморот се стекна и со двоцифрено водство (63:53). Беше уште повисоко на почетокот на последната делница, (70:53), па до крајот беше само прашање на време со колкава разлика битолскиот состав ќе ја однесе победата.

Маслинко го заврши натпреварот со 23.поени (осум скока и четири асистенции), двоен број на поени 20 и скокови – 10, имаше Планиниќ, додека пак Магдевски го затвори мечот со 20.поени, плус седум асистенции и пет скока. Во составот на Вардар, Атанасов запиша 20.поени, дабл-дабл беше виден од Хот (17.поени и 11.скока), а 14. поени уфрли Кејс.

По 20 одиграни натпревари, Пелистер има ефект (14-6), додека Вардар остана на три победи, сега има и 17.порази.

Претходна вестСеизмолог од Црна Гора за земјотресот кој утрово го разбуди Балканот: Граѓаните се вознемирени, имало уште 30 потреси
Следна вестСветски ден на бубрегот, во државава 1.540 лица на дијализа