Темно Режим Светло Режим

Само да не сте со кратко паметење што сте гледале на ТВ…

Слушам пак имало некаква си дебатна емисија на телевизија за лажните вести кои се ширеле по медиумите. Не ја гледав. А немам и намера да ја побарам на интернет, доволно е што ми кажаа на која телевизија била и кој биле „експертите“ што ја разглобиле темата.

И така, за негледана емисија не можам ништо повеќе да ви напишам. А и за лажните вести, што да ви кажам… па лажни вести има насекаде… веднага штом ќе пренесат министерска прес конференција на телевизија (а некои телевизии тоа го прават со минути и минути односно пола вести) ја уклучувам у глава мојот вистиномер, а не оној сумњивио од интернет. И ептен често ми ечи тоа алармот дека во прашање е некоја лажна вест само фино запакувана, а од телевизијата и спикерот уште пофино најавена.

А и не мора да имаш веќе аларм у глава. По само ден – два од кажаното ептен се гледа кој министер лажни вести пуштал у етер. Само треба да не сте со кратко паметење. И после однапред си знаете, без аларм, кој лаже.

Advertisement

Туку, знаете ли што е најинтересно? Уредниците на тие телевизии кои најчесто ги пуштаат лажните владини вести, се најголеми борци против лажни вести у Македонија. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Ти си повеќе од бројка; уште една грда лицемерна лага

Следниот Пост

Пописот се одложи за септемеври, разликите околу попишувањето на дијаспората останаа