Ја вести гледам, жена ми маици пере

Си гледам ја така пред некој ден релаксирано телевизија, нормално у време кога жена ми не гледа турски серии, и одеднаш ме обли пот. На вести кажаа дека горивото многу ќе поскапе. Леле што ќе правам сега? Мене возењето ми е неопходна работа, а пари не стасуват дури и со старата цена.

Ама како вестите течат така гледам дека за џабе сум се потил. Ја у ствари сум требало да се радувам шо власта решила да ја качи цената. Новинарите сосе уредниците многу убаво ни објаснија дека со тоа шо ќе плаќам повеќе ќе помогнам да имаме подобра екологија у Македонија.

Е, што ти значи да си учен како ТВ уредниците, одма ти станува јасно дека Заев мисле за наше арно дури кога и последните пари ни ги зема од џебот. Ја па наивен и непросветлен мислев дека Владата треба да штеди од буџетот и да не се расфрла непотребно и така да има пари и за екологијата, а не од мене екстра да зема.

И така просветлен… пресоблеков тоа мократа – испотена маица си облеков нова и си продужив да гледам вести овј пат за тоа дека Македонија многу се боре против корупцијата – пак почнав да се потам ама сменив канал овој пат.

Да не ви кажувам шо се деси после кога жена ми виде дека мора маица да пере, а вчера ја испрала…

Претходна вест„Езгија трио“ вечерва на репертоарот на „Скопско лето“
Следна вестНе си играјте со образованието и нашите деца