Малопродажната цена на Еуросупер-95 се намалува за 0.5 денари по литар, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 60.50 денари, одлучи денеска Регулторна комисија за енергетика.
Малопродажните цени на Еуросупер-98 и Еуродизел горивата не се менуваат – па еден литар 98-октански бензин и понатаму ќе чини 63.00 денари, додека еден литар дизел и понатаму ќе чини 52.50 денари.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг и ќе изнесува 25,980 ден/кг.