Два диви приклучоци за вода открило јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на теренот на Глумово, Шишево и Сарај. Ова го соопштија од јавното претпријатие.
Добро е што два приклучока се откриени, но дали со тоа си ја завршија работата или допрва се тргнува во откривање на крадци на вода од водоводот во тој регион? А кога ќе тргнат низ останатиот дел на Скопје каде исто така има диви приклучоци?
Пред некој ден од претпријатието упатија јавен апел – водата да се користи рационално. За да не ни се случи да има недостаток во овие врели денови.
Но, се тоа е џабе, ако претпријатието дозволи со својата тромост, многумина неодговорни да ја крадат водата што одговорните ќе ја штедат. А јавна тајна е во кои општини и населби најмногу се краде вода. Нека си тргне претпријатието на терен и така нека ја сочувува водата од водоводот.