Сара Стефаноска од Вардар со прв трансфер надвор од Македонија

Повремената македонска ракометна репрезентативка, Сара Стефаноска, првпат во кариерата ќе се проба надвор од државата, откако потпиша за лидерот на табелата во Србија, екипата на ЖРК Јагодина.

Таа подолг период настапува за ЖРК Вардар, каде што беше една од носителките на играта, додека го доби МВП признанието на завршниот турнир од младинската лига на Македонија. Стефаноска беше дел од нашиот национален тим на Медитеранските игри во Оран, каде што го освоивме 7. место, а беше дел и од младинската репрезентација на ЕП во Романија.

Сара во неколку наврати беше повикана и во сениорскиот состав на Македонија, но таму не ја добива вистинската шанса без разлика на добрите игри и покажаниот квалитет.

Претходна вестПрекин на водата во дел од Карпош
Следна вест32-годишен Македонец претепан до смрт во Есен, Германијa