СДСМ има одговорност да гласа за техничката влада, турбленциите пред изборите никому не му се потребни

Со денешното поднесување на оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери стартува процесот на формирање на техничката влада. Ќе следи известување до шефот на државата дека има нов мандатар, доставување на составот, на програмата, па расправа и гласање во парламентот…, се што би требало да заврши во недела на полноќ.

Но, дали се може да помине онака како што е предвидено на хартија, според прописите? Неизвесноста неодамна ја отвори премиерот Ковачевски негодуваше откако опозициска ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе бидат „воздржани“ за избор на техничката влада оти не го сметаат Талат Џафери за достоен да биде технички премиер. Лидерот на СДСМ побара од Џафери да не ги става на предлогот за новиот состав на владата имињата за министри од ВМРО-ДПМНЕ се додека не решат да гласаат „за“.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека нема да се премислат и ја потсетија СДСМ како во 2016 година не гласале за составот на тогашната техничка влада во која имале свои министри и заменици.

Дилемата вчера ја олесни Талат Џафери кој соопшти дека предложените кадри од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стави во предлогот за новата влада оти така предвидувале законските решенија. Сепак, останува неизвесноста како ќе постапи на собраниската седница СДСМ.

Добро е социјалдемократите да не прават непотребни тензии кои ќе се рефлектираат на работењето на владата, на изборниот процес. Кога веќе имало такви примери опозицијата да не гласа за составот на техничка влада, што сега се пимпла? Мора ли од се да се прави проблем, наместо да се решаваат напластени проблеми кои и тежат на Македонија?

Претходна вестПукал на семејна веселба, куршумот завршил во куќата на 81-годишниот сосед
Следна вестАна Павловска-Данева е нов предлог за уставен судија наместо Јовески