СДСМ на 27-миот Конгрес, попладнево ја официјализираше кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на конгресот рече дека Пендаровски е кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата.
-Македонските граѓани сакаат прогрес, стабилност, мир и спокојство, сакаат европска иднина и животен стандард. Тоа го нудат прогресивните политики на СДСМ, кои не се само идеологија, туку единствен начин како општеството и државата да се подобрат и да обезбедат прогрес и просперитет Нас ни е потребен европскиот стандард, европските вредности и европскиот живот, сега, не во иднина и некогаш. На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи, туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат, порача Ковачевски.
Пендаровски кој се обрати на Конгресот рече дека анкетите што ги прикажува ВМРО-ДПМНЕ и тој е убеден дека заедно со СДСМ ќе ги добијат претстојните парламентарни и претседателски избори.
-Трендовите од пред извесно време се променети. Очекувам двојна победа, рече Пендаровски.
Со двојна победа, рече тој, на претседателските и на парламентарните избори, СДСМ ќе има претседател на Северна Македонија и Влада со која до 2030 година државата ќе биде членка на ЕУ.