СДСМ: Мицкоски бара работни групи за Бугарија, кога му нудевме одби

Лажна е и лицемерна наводна загриженост на Христијан Мицкоски за предлогот на француското претседателство, соопшти СДСМ.

Владеачката партија реагира на предлогот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се формираат работни групи во Собранието на Македонија коишто ќе го разгледуваат францускиот предлог.

-Иако во текот на процесот му беше понудено, Мицкоски одби ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работните групи за спорот со Бугарија. Секогаш кога државата е во клучни процеси за европската иднина, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат отстрана, шират лажни вести и нанесуваат штети на државните позиции и интереси, се наведува во соопштението.

СДСМ додава дека така е и сега кога имаме предлог за почнување преговори со ЕУ со кој добиваме чиста формулација на македонскиот јазик, без фусноти, кога историските прашање веќе не се дел од преговарачкиот процес.

-Кога во тек е широк и инклузивен процес на консултации, Мицкоски дава задоцнети предлози и организира насилни протести. Одново на дело докажува дека за него воопшто не се битни интересите на државата и граѓаните, туку тој свесно дејствува за нечии туѓи интереси, се наведува во партискиот став.

Претходна вестМицкоски предлага формирање работни групи за францускиот предлог во Собранието
Следна вестНема ли загрижени во пратеничката група на СДСМ?