СДСМ: Мицкоски го пушта во јавност дезертерот и фалсификатор Ковачки да шири невистини

Уплашениот Христијан Мицкоски го пушта во јавност дезертерот и фалсификатор Ковачки да шири невистини, реагира денеска СДСМ. Реакцијата на владеачката партија доаѓа откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и денес на прес-конференција побара оставка од премиерот Ковачевски и утврдување на неговата деловна способност поради, како што тврдат, избегнување на обврската за служење на воениот рок.

-Христијан Мицкоски уплашен за својата фотелја во белиот дворец, се крие од граѓаните и наместо да одговори на поставените прашања, тој преку неговите соработници шири лаги и невистини. Мицкоски во јавноста го пушта Драган Ковачки, дезертер од Армијата и лице кое пред неколку години добило кривична пријава за фалсификување исправа. Ете колку е очаен Мицкоски, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Претходна вестКовачки: Бараме оставка и утврдување на деловната способност на Ковачевски
Следна вестЖичарницата на Водно утре нема да работи