Христијан Мицкоски молчи за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, нема доблест да им се извини на граѓаните, велат од СДСМ.
– ВМРО-ДПМНЕ изгуби, а нивниот обид за ништење на правната држава, за заштита на криминалот и криминалците во нивните редови, уште еднаш, се покажа неуспешен.
Со одлуката на судот во Стразбур победи правдата и правната држава.
Пропадна незаконската аболиција со која Ѓорѓе Иванов се обиде да го сруши правниот поредок за да заштити поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност.
Затоа што целта на аболицијата на Иванов беше за да се спасат од судско гонење, нивната цел беше да нема воопшто ниту судски процес.
Одлуката на Стразбур значи дека нема помилувања, туку продолжување на сите постапки пред независните македонските судови, се наведува во соопштението на СДСМ.