СДСМ: Минималната плата ќе порасне на над 20.000 денари

Во март годинава минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува над 20.000 денари, истакнуваат од СДСМ. Од партијата додаваат дека и во услови на криза се успева да се зголеми минималната плата.

– Со методологијата донесена минатата година преку дијалог со сите засегнати страни, се обезбедува континуиран раст на минималната плата, како системско решение независно од нечија политичка волја.

Минималната плата лани е покачена на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 9.000 денари.

Со мерките и политиките на СДСМ платите растат и во време на криза, велат од СДСМ

Претходна вестСДСМ: Славески прифаќа дел од мерките, потребна е седница на Советот за загадениот воздух во Скопје
Следна вестСекој петти Американец дома не зборува на англиски јазик