СДСМ: Од март, поголема минимална плата од 22.500 денари

Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. Од март, поголема минимална плата од 22.500 денари, потенцираат од СДСМ.

– За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година.

Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја зголеми и просечната плата на 39.000 денари, Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година.

Воведовме законски решенија, коишто содржат методологија за пораст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата, се вели во партиското соопштение на СДСМ

Претходна вестЦрквата на улица „Македонија“ никако да се заврши, ќе бидат ли лимените тараби и натаму главен „украс“?
Следна вестДимитриевски не прими гол, Рајо победи на првиот меч во 2024-та