СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Скопје направи пепел

– ВМРО ДПМНЕ за само една година во Скопје направи пепел, го доведе градот до состојба да не може да ги обезбеди ниту основните функции. ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години Македонија што беше заглавена. Покажаа дека се најнеспособната локална власт во историјата на главниот град, велат од СДСМ.

Според СДСМ, градот назадува, нема нови проекти, наместо бесплатен јавен превоз, за прв пат во историјата Скопје остана без превоз. Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, тешка е состојбата и во други градски претпријатија.

– Додека во градот владее хаос, тие се скараа за бизнис интереси, тендери и провизии, чии раце да бидат во медот, истакнуваат од СДСМ.

Претходна вестСДСМ фаќа замаец за работење, се самохрабри или на избори мисли?
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Ахмети на сиџимче го држи Ковачевски