Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети на сиџимче го држи Ковачевски

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

– Полупразната сала која наликуваше на игранката пред кооперација покажа дека со Ковачевски и Зечевиќ е завршено. Тие се предводници и на чело на криминалната структура која управува со земјата. И тие ќе бидат жестоко поразени од народот на предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, судството е политизирано, криминалците се на слобода, а СДС не решила ниту еден проблем.

– Лебот не поевтини, струјата поскапи. Компаниите не добија поддршка, а инфлацијата го осиромашува народот. Место на големата маса на ЕУ нема за арамии и луѓе кои ја разградуваат Македонија. Ниту пак за членови на влада кои се папочната врвка со криминалот во државата. Ковачевски е заложник и слуга на ДУИ, и Ахмети. Вазалството негово се гледа во тоа што државата е блокирана, а ДУИ се однесува како стопан на Ковачевски и СДС. Ахмети на сиџимче го држи Ковачевски, и ДУИ освен институции и власт си го има Таче, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш побараа предвремени парламентарни избори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: 18 дена нема одговор за најголемиот нарко-скандал – Како 5 тони дрога помина преку граница?

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Скопје направи пепел

Следна објава
Автомобил удри пешак кај Чашка, пренесен во Скопје

Тешка сообраќајка : Загина 11-годишно детенце, мајката тешко повредена, а возачот побегнал