Пронајдени 4000 парчиња петарди кај двајца Кумановци

Вчера во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37) и А.Б.(28), двајцата од Куманово.

– При претрес во домот на А.Б., извршен со судска наредба, бил затекнат С.М. и кај него биле пронајдени околу 4.000 парчиња различни видови пиротехнички средства – петарди, информираат од МВР.

Како што соопштија од полицијата лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени соодветни пријави.

Претходна вестТешка сообраќајка : Загина 11-годишно детенце, мајката тешко повредена, а возачот побегнал
Следна вестОбвинителство: Возачот кој усмрти дете не само што не запрел туку и забрзал