Тешка сообраќајка : Загина 11-годишно детенце, мајката тешко повредена, а возачот побегнал

11-годишно детенце загина, а мајката е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера се случи во Велес. Сообраќајката се случила на пешачки премин во близина на училиштето Васил Главинов. Возачот на автомобилот избегал од местото на несреќата.

Од МВР денеска излегоа со официјални детали за несреќата која кај нив била пријавена околу 22:15 часот.

-На ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото. Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од полицијата.

Мајката на девојчето се здобила со телесни повреди кои и биле констатирани во велешката болница.

Од МВР соопштуваат дека Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Велес. По преземени мерки возилото било најдено и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Ахмети на сиџимче го држи Ковачевски
Следна вестПронајдени 4000 парчиња петарди кај двајца Кумановци