СДСМ: Внатрешни судири во ВМРО-ДПМНЕ само за пари и тендери

Јавноста изминатите денови сведочи на меѓусебни обвинувања во ВМРО-ДПМНЕ за криминал, за рацете во медот и тоа за тендер од 136 милиони евра во Град Скопје. И додека трае кавгата на релација ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска, за пари и тендери, во самата опозицициската партија се случуваат поделби и внатрешни судири, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

-Самите даваат различни изјави од Мицкоски за промена на Уставот и против референдум. Самите велат дека Мицкоски бил потрошен и треба да си даде оставка. ВМРО-ДПМНЕ има бројни внатрешни проблеми кои треба да си ги решава, но она што е поразително е не само што таа не е реформирана партија, туку е и дополнително криминализирана, соопшти СДСМ.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта троши буџетски пари за морски плодови среде криза
Следна вестКовачевски даде ветување и на студенти од Колумбија универзитетот во САД