Ковачевски даде ветување и на студенти од Колумбија универзитетот во САД

И во САД македонскиот премиер држи лекции. Овој пат чест да го слушаат Димитар Ковачевски имале студентите на познатиот Колумбија Универзитет.

Тамошните студенти ги интересираше што искусниот Ковачевски мисли и знае околу инвестициите во енергетиката. И премиерот користејки го професорското искуство од скопскиот Американ колеџ почнал:

-Започнавме стратешки проекти во државата за градење фотоволтаици. Основен капацитетот кој што ни е потребен во државата е 1,5 гигавати основна енергија, во овој момент ни недостигаат 30%, тоа би било да речеме 500 гигавати. Тој простор сакаме да го пополниме со фотоволтаици и со ветерни турбини, правиме стратешки договори само со германски, американски и француски компании, и тие одат директно во Собранието поради стратешката ориентација на државата, истакнал Ковачевски, пренесува Макфакс.

Премиерот внесен во предавањето им дал и ветување на студентите:

-Наскоро ќе видите ако ги следите политиките на Европа дека ќе најавуваме проект заедно со премиерот Мицотакис и Премиерот на Бугарија. Второ, во поглед на гасот, не сакаме да се потпираме само на рускиот гас, затоа веќе резервиравме капацитети во Александруполи во Грција каде што ќе има терминал за течен природен гас и ние како земја ќе имаме удел, потенцирал Ковачевски.

Дали тој им кажал на студентите дека воедно минатиов период често оди во соседните земји за да моли за добивање енергија и дека во Македонија се испуштени многу години за да се направат нови и поправат старите неопходни енергетски капацитети, не беше соопштено.

Претходна вестСДСМ: Внатрешни судири во ВМРО-ДПМНЕ само за пари и тендери
Следна вестПриведена кумановка, фатена при кражба на пари од каса