За пет месеци ќе заврши реконструкцијата на дел од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Започна изградба и реконструкција на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од раскрсница со булеварот „Св.Климент Охридски“ до кружниот тек со раскрсница улицата „М.Х.Јасмин“. Скопската градоначалничка Данела Арсовска изјави дека реконструкцијата шо ја прави Градот Скопје содржи повеќе работи.

– Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4500 м2, нови рабници, градежни работи на нова фекална канализација Ф600 мм, изведба на нова водоводна мрежа, ново улично осветлување со лед светилки со контролери, рече на прес-конференцијата Арсовска.

Со реконструкцијата се овозможува сообраќајница со нови пешачки патеки и велосипедски патеки и дополнителни велосипедски ленти на коловоз.

– Реконструкцијата на оваа улица ги решава секојдневни проблеми на граѓаните од овој дел на општината Центар, а ние посветено работиме во нивен интерес. Рокот на изведба е 5 месеци, а Градот Скопје за реконструкција на булеварот „М.Т. Гологанов“ вложува 43 милиони денари. Со овој проект се решава еден голем проблем за жителите кои редовно транзитираат на овој дел на центарот на градот и дополнително се зголемува безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот, изјави Арсовска.

Претходна вестУбаво: Градоначалникот на Гази Баба Стефковски без автомобил отишол на работа
Следна вестАрсовска: Градот Скопје ќе функционира но со личности со повеќе интегритет