Приведена кумановка, фатена при кражба на пари од каса

Обид за кражба на пари од каса во еден маркет е причина за приведување на 41-годишна кумановка, соопшти полицијата.

МВР информира дека полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 19:30 часот, ја лишиле од слобода кумановката Е.П.(41).

-Таа била фатена на дело при одземање пари од каса во маркет на ул.„АВНОЈ“ во Куманово. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.П. била приведена и задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Претходна вестКовачевски даде ветување и на студенти од Колумбија универзитетот во САД
Следна вестПандев објави крај на кариерата