СДСМ: Враќањето на Коце Трајановски и 600 милиони евра во неговите раце е најава за огромна корупцијата

По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, соопшти денеска СДСМ.

Најголемата опозициска партија укажува дека Јавното претпријатие за државни патишта со буџет од над 600 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ му го довери на Коце Трајановски.

-ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупција која се подготвува во ова претпријатие. Ова не е промена туку правец назад. Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи, се наведува во партиското соопштение.

Претходна вестДЗР: ЈП за одржување на патиштата 12 години работи со блокирна сметка, новото возило за чистење снег им изгорело по 20 дена, горивото се точи од небаждарени пумпи…
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче да се позанимаваат дали воопшто на следни избори ќе освојат пратеничко место