Ќе дојде до смена на раководството на МОК. Повеќе од половина членови на Собранието на Олимпискиот комитет на Македонија се потпишани на барање за свикување вонредно собрание на кое ќе се резреши актуелниот претседател на МОК – Даниел Димевски.
– На барањето на свикување на вонредно собрание на Олимпискиот комитет на Македонија потпишани се 26 (дваесет и шест) федерации и 5 (пет) индивидуални членови од Собранието, соопштија иницијаторите.
Точки на дневен ред е предвидено да бидат; разрешување на Даниел Димевски; избор на нов претседател на МОК; разрешување на актуелниот и избор на нов состав на Управниот одбор.
Како што се дознава во потпишаните со барањето за смена на Димевски се и најголемите национални федерации за фудбал, кошарка, ракомет…
За потсетување: Сегашниот прв човек на МОК функцијата ја доби во октомври 2020 година и мандатот му трае 5 години. Но, уште при изборот имаше големи негодувања како тој стана прв човек на МОК, а и потоа често се слушаа критики за неговата работа. Димевски беше и советник за спорт во кабинетот на премиерот Зоран Заев.