Мијалков ги купи конфискуваните станови на Мијалков

„Бест веј инвестмент“, фирма во сопственост на Јордан Мијалков, е новиот сопственик на трите стана и гаража на Водно, а кои беа конфискувани од неговиот татко, Сашо Мијалков, со случајот „Империја“, пишува Призма. Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу за Телма ја потврди оваа информација.

Во ноември овој имот беше продаден на јавно наддавање преку Агенцијата за управување со одземен имот, каде беше свикана и прес-конференција на која тие тврдеа дека биле заплашувани од сопствениците на имотот при самите обиди за продажба.

Станува збор за два елитни стана на улицата Славејко Арсов од 73 квадрати кои се продадени по 102.000 евра, оној од 78 квадрати за 107.000 евра, додека за гаражата од триесетина квадрати, фирмата на Мијалкови платила 20.000 евра.

Синот на Мијалков сега стана газда на овој имот, иако на јавното наддавање е забрането учество на осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста.

Сопственик на „Бест веј инвестмент“ е Јордан Мијалков, а фирмата е формирана во есента 2015 година.

Претходна вестСе бара вонредно собрание на МОК и разрешување на Димевски
Следна вестУбаво: Пуштен во употреба нов инвестициски проект на „Алкалоид“ вреден 3,8 милиони евра